Connect with us

Општини

Објавен повикот за избор на спортист на годината за Општина Штип

Општина Штип го објави повикот за избор на спортист на годината за 2025 година. Во соопштението од Општина Штип се вели дека спортските клубови имаат можност да ги номинираат своите најдобри спортисти, кои постигнале значајни резултати во текот на годината. Пријавите за учество во изборот се доставуваат  до 25.12.2025 година (четврток).

Во соопштението се наведува дека при рангирањето, во предвид се земаат најдобрите резултати постигнати во 2025 година, исклучиво доколку се постигнати како член на клубот од Штип.

-Клубовите ги доставуваат пласманите на спортистот на следните официјални натпревари:Олимписки игри, Светско, Европско, и Балканско првенство. Медитерански игри, Универзијада.•Државно првенство и Куп на Р. Македонија, Меѓународни турнири во земјата и странство и  информација дали спортистот бил член на репрезентацијата на Македонија за 2025 година. Резултатите на предложените спортисти мора да бидат заверени од соодветните Федерации како доказ за веродостојност, се вели во соопштението.

Во случај на идентични резултати, предност ќе има спортистот кој доаѓа од помасовната спортска дисциплина во Македонија, потоа покажува примарна спортска култура како граѓанин, во континуитет покажува подобри резултати и има постигнато подобар втор резултат по вредност.

-За спортистите од колективните спортови, како Државен првак се рангираат спортистите со статус на член на репрезентацијата на Македонија. Овој настан ја истакнува и наградува спортската извонредност во Општина Штип и е одлична можност за афирмација на локалните спортски таленти, велат од Општина Штип.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1