Останати спортови
Линдзи Вон со супериорна победа во спуст
Американската скијачка Линдзи Вон ја потврди својата доминација откако триумфираше на денешната спуст трка. Ова за неа беше 83.та победа во Светскиот куп.
Вон на доминантен начин стигна до триумф и патеката ја мина за 1:29.63 минута или за речиси една секунда побрзо од Магдалена Егер од Австрија, додека втората австриска скијачка Миријам Пухнер го освои третото место.
Таа беше единствената скијачка што постигна време по 1 минута и 30 секунди.
За време на паузата и подготовките за новата сезона таа се подготвуваше со шампионот од Норвешка Аксел Лунд Свиндал.
Вон има 83.победи во Светскиот куп (44 во спуст), три помалку од легендарниот Ингемар Стенмарк, додека рекордерка е Михела Шифрин со 104 победи. Следната трка во Светскиот куп ќе се вози утре (сабота) исто така во Сент Мориц, повторно спуст, а во недела е закажан супервелеслалом.
декември 13, 2025


