Connect with us

Хроника

Кавадарчанец пријавил физички напад поради недоразбирање во сообраќајот

Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Додевски појасни дека инцидентот бил пријавен завчера во 21 часот во Полициската станица Кавадарци, а се случил ден претходно. Пријавителот има 34 години, а лицата кои ги пријавил дека физички го нападнале, се на 57 и 61 годишна возраст.

Додевски рече дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2