Connect with us

Ракомет

Германија прв финалист на СП за ракометарки

 Германската женска ракометна репрезентација е првиот финалист на Светско првенство, откако вечерва во полуфиналето во Ротердам го совлада бранителот на титулата Франција со 29-23 (15-12).

Антје Доел ги предводеше Германките со девет голови, додека Сара Буктит и Лена Грандво со по пет голови беа најефикасни во редовите на Франција.

Ова е второ учество на Германија во завршницата на светските првенства. Прв пат Германија играше во мундијалско финале во 1993 година кога ја освои титулата.

Во второто полуфинале ќе играат домаќинот Холандија и актуелниот олимписки шампион и светски вицешампион Норвешка.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4