Општини
Електродистрибуција: Санирани дефектите во Куманово
Дефектот на улица „Пчињска“ во Куманово беше отстранет претпладнево, а надминат е и дефектот што синоќа остави поголем дел од Куманово без напојување со електрична мрежа, соопштија денеска од Eлектродистрибуција.
Вчера во 23 часот, дел од корисниците на градското подрачје во Куманово останаа околу дваесетина минути без снабдување со електрична енергија поради дефект на 20кВ кабел кој веднаш беше саниран од страна на екипите на електродистрибуција.
– Снабдувањето на корисниците е успешно нормализирано после овој краткотраен прекин. Корисниците на улицата „Пчинска“ исто така се соочија со дефект во трафостаница кој беше отстранет во утринските часови, информираа од електродистрибуција.
декември 13, 2025


