Хроника
Две лица од Кочани заработија кривични пријави поради поседување дрога
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Џ.К.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 12.05.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“ во кое како сопатник била пријавената, при што кај неа бил пронајден и одземен хероин.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против М.Е.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 04.03.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми и марихуана.
декември 13, 2025


