Свет
Блумберг: При евентуален изборен пораз на Фидес, Орбан планира да ја преземе претседателската функција
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан соочен со можноста за пораз на изборите во април, разгледува радикален план за задржување на контролата врз земјата. Тој размислува да стане претседател на Унгарија, објави американскиот медиум Блумберг (Bloomberg) повикувајќи се на неименувани извори.
Орбан наводно ја истражува можноста да ја преземе претседателската функција и да го смени Уставот, со што од церемонијална, претседателот би имал најголема моќ, по примерот на Турција и Русија.
Тој и на минатомесечната средба со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа изјави дека воведувањето на претседателскиот систем „секогаш бил на маса“.
Орбан, по средбата со Трамп, ја пофали моќта на претседателскиот систем.
– Прашањето е тука и сега, со нашата историја и знаење и предизвиците со кои се соочуваме, што е најдобро за Унгарците?, изјави тогаш Орбан.
Според Блумберг, доколку Фидес победи во април, Орбан би можел да продолжи како претседател со нови овластувања, особено во надворешната политика, додека секојдневното управување со владата му го предал на лојален соработник. Доколку изгуби, како моќен претседател би можел значително да ја ограничи способноста на Унгарците да ја вратат Унгарија на проевропски пат по години конфликт со Брисел.
Исто така се наведува дека Орбан би морал да го искористи моменталното двотретинско мнозинство на Фидес во Парламентот пред априлските избори за да преземе таков потег. Ако тоа се случи тогаш актуелниот претседател Тамаш Суљок, кадар на Фидес, ќ етреба да поднесе оставка. Мандатот на Суљок е до 2029 година.
По премиерската, преземање и зајакнување на претседателската функција веќе е видено во Турција и во Русија. Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган направи сличен потег во 2014 година. Додека рускиот претседател Владимир Путин презеде слични чекори за заобиколување на ограничувањата на мандатите.
декември 13, 2025


