Connect with us

Општини

Алијансата за Албанците ја поддржува кандидатурата на Зули Демири за градоначалник на Општина Врапчиште

 Политичката партија Алијанса за Албанците, која ја предводи Зијадин Сеља ја поддржува кандидатурата на Зули Демири за градоначалник на Општина Врапчиште на повторните избори кои ќе се одржат на 11 јануари.

Лидерот Сеља во партиското соопштение упати покана до поддржувачите и симпатизерите да го поддржат овој кандидат.

– Подготвеноста и вештините докажани досега, како – добро оформена личност, лојален и вреден човек, успешен менаџер во одговорностите што ги носеше досега, убедени сме дека тој ќе се справи со оваа нова задача со истата посветеност и успех, стои во изјавата на претседателот на партијата, Зијадин Сеља

Тој меѓу другото апелираше до членовите на Алијансата за Албанците, поддржувачите и сите граѓани масовно да се мобилизираат и да го поддржат човекот кој, како што се наведува во соопштението, со работа и чесност, веќе докажа дека е најдобриот избор за управување со Општина Врапчиште.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4