Connect with us

Кошарка

Вембанјама се враќа на теренот

Повредениот кошаркар на Сан Антонио Виктор Вембанјама ќе се врати на теренот по повредата. Тој поради повреда на листот на левата нога пропушти 11 натпревари.

Неговата имаше одличен почеток на сезоната и добро „се држи“ со првакот Оклахома Сити. Последните денови францускиот репрезентативец тренираше заедно се екипата и негово враќање во ростерот се очекува во четврток навечер за дуелот против Лос Анџелес Лејкерс.

До повредата Французинот имаше просек од 26.2 поени по натпревар, со 12.9 скокови, 4 асистенции и 3.6 блокади.

Сан Антонио во моментов е на петтото место на Запад со скор 16-7 (победи-порази) и имаат една победа помалку од ЛА Лејкерс и Денвер, додека првакот Оклахома Сити има биланс од 23-1.

Ланската сезона поради повреда Вембанјама „запиша“ само 46 натпревари

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2