Фудбал
Слот: Победата над Интер во Милано е најдоброто што можевме да го постигнеме
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е задоволен од играта на неговиот тим на синоќешното гостување во Милано.
„Црвените“ го совладаа Интер со 1:0 во 6. коло од Лигата на шампионите.
– Бевме три бода зад Интер. Ако сакате да бидете меѓу првите осум, 15 бода е минимум. Но, победата тука е најдоброто што можевме да го постигнеме. Тимот е навистина добар. Генерално, игравме добро, изјави Слот по натпреварот.
Ливерпул со 12 бода се искачи на осмото место на табелата. Интер е петти исто така со 12 бода.
декември 11, 2025


