Connect with us

Општини

МД „Преспа“: Македонците во Албанија имаат право на национално достоинство

Македонското друштво „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, по повод 10 Декември – Меѓународниот ден  на човековите права, упати порака дека „Македонците во Албанија имаат право на национално достоинство“. 

-Упатуваме силна порака дека Македонците во Албанија имаат право на јазик, култура, идентитет и национално достоинство. Човековите права не смеат да бидат привилегија – тие се универзална вредност и обврска за секоја држава, стои во пораката.

Во порачата се додава „нашата борба е мирна, но истрајна“. 

-Ќе продолжиме гласно да зборуваме, да постоиме и да се гордееме со тоа што сме – Македонци. Ние сме гласот на Македонците во Албанија, се нагласува во пораката, потпишана од претседателот на друштвото, Едмонд Темелко.

Темелко е еден од најпознатите активисти за правата на Македонците во Албанија,  основач на македонската партија, МАЕИ и нејзин прв претседател, како и поранешен градоначалник на Општина Пустец, во три мандати.

Со негово залагање, меѓу другото,  беа вратени автентичните македонски топоними на Пустец и населените места, сменети во албански, во 70-тите години од минатиот век, почна обновата на црквата „Свети Архангел Михаил“ во центарот на Пустец, плоштадот го доби името „Гоце Делчев“.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4