Култура
Македонците во Белград ги дочекуваат хуманитарците од Кочани – свеченост посветена на хуманоста
Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија утре ќе ја одржи својата годишна свеченост по повод Денот на Советот.
Свеченоста е посветена на хуманитарната акција спроведена по трагедијата што го погоди Кочани, акција која собра голем број граѓани, институции и организации од Србија во заедничка мисија на солидарност и човечност.
Присуството на претставници од организацијата Support Kočani ќе биде од особено значење, како признание за нивната проактивна и хумана улога во обезбедувањето поддршка за повредените Кочанчани и нивните семејства.
Во рамките на програмата се предвидени обраќања, осврт на заедничките активности, како и културно-уметнички дел.
Настанот има за цел да ја потенцира солидарноста меѓу двете држави, да ги истакне вредностите на хуманоста и да го зацврсти пријателството што се гради меѓу заедниците.



