Свет
„Џенерал моторс“ развива нов тип двотактен мотор за хибридни возила
Американскиот производител на автомобили „Џенерал моторс“ (ЏМ) поднесе патент за нов тип двотактен мотор што би можел да се користи во хибридни возила.
Разликата меѓу двотактниот и четиритактниот мотор е во бројот на работни циклуси, бидејќи двотактниот мотор врши вшмукување и компресија во еден такт, а согорување и издувни гасови во друг, што значи дека сè се случува двојно побрзо, јави „Шпигел“.
Ваквите мотори некогаш се користеле во автомобили како „Трабант“, но денес тие најчесто се користат во мотори на мотоцикли и алати како што се моторни пили.
декември 11, 2025


