Connect with us

Сервисни информации

Блокиран ГП „Евзони“, ГП „Ники“ само за автобуси и товарни возила

Сообраќајот на граничниот премин „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез од 11 часот. На граничниот премин „Ники“ (Меџитлија), сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси. Сообраќајот се одвива непречено на граничниот премин „Дојран“, покажуваат податоците на Авто-мото сојузот на Македонија до 12 часот денеска.

Од АМСМ попладнево информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

– Од 15 ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, потсетуваат од АМСМ, додавајќи дека обврската трае до 15 март.

Во соопштението се додава дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, немало подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, се потенцира во денешното соопштение

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2