Connect with us

Свет

Повеќе од една деценија по исчезнувањето, семејствата на патниците од летот МХ370 добиваат судска оштета

Суд во Пекинг донесе одлука авиокомпанијата „Малејжа ерлајнс“ (Malaysia Airlines) да им исплати по 2,9 милиони јуани (околу 410.000 американски долари) на секое од семејствата на осум од патниците од исчезнатиот лет „МХ370“ пред повеќе од една деценија.

Судот ѝ нареди на авиокомпанијата да им исплати компензација на секое од семејствата за смртта на нивните најблиски, за погребни трошоци и за штети што произлегуваат од емоционален стрес.

Иако судбината на патниците сѐ уште не е позната, тие официјално се прогласени за мртви.

На летот од Куала Лумпур за Пекинг во 2014 година имаше вкупно 239 патници. И покрај годините потрага, сѐ уште е непознато зошто се урнал авионот и што се случило со патниците. Повеќето од патниците беа кинески државјани и нивните семејства во Кина продолжуваат да бараат одговори.

Судот соопшти дека за уште 23 други случаи допрва треба да се донесе одлука. Во други 47 случаи, семејствата постигнале спогодби со авиокомпаниите и ги повлекле своите тужби.

Владата на Малезија во средата објави дека потрагата по авионот ќе биде обновена на 30 декември.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1