Култура
Отворен конкурсот за „ФИЛМАЈ 2026“
Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово го објави конкурсот за осмото издание на „ФИЛМАЈ“-фестивалот на краток филм, информираа денеска од клубот. Заинтересираните можат да се пријават преку платформите „FilmFreeway“ и „festhome“.
– Може да се пријават кратки играни филмови со траење до дваесет минути, изработени по 1 јануари 2024 година. Конкурсот ќе биде отворен до 8 март, наредната година, информираа од фото-кино клуб „Козјак“.
Филмовите може да конкурираат за награда „Лазар Ѓорѓевиќ“ за најдобра режија, награда „Радислав Ристевски“ за најдобра фотографија/кинематографија, награда „Козјак“, за најдобро сценарио и награда „ФИЛМАЈ“ за најдобар краток филм.
Македонските (домашни) филмови кои конкурираат за награда за најдобар македонски филм, истовремено влегуваат и во меѓународна конкуренција за предвидените награди. Манифестација во изминатите години се наметна како значајна платформа за промоција на домашната и меѓународната краткометражна продукција, достапна за учесници од различни земи.
декември 9, 2025


