Скопје
Општина Бутел одбележа 116 години од раѓањето на Никола Јонков Вапцаров
Oпштина Бутел ораганизираше свечено одбележување на 116 години од раѓањето на македонскиот поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров, стои во соопштението на Општината.
Градоначалникот Дарко Костовски положи цвеќе пред споменикот на великанот Никола Јонков Вапцаров и се поклони на еден од најзначајните македонски дејци.

Во песната „Земја“ Вапцаров најотворено ја изразува својата национална припадност и пишува за својата татковина Македонија. „Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“ – Никола Јонков Вапцаров.
декември 9, 2025


