Connect with us

Култура

Игор Дурловски дебитираше на престижната сцена на „Театро Колон“ во Ла Коруња

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски викендов оствари исклучително успешно деби на престижната сцена на „Театро Колон“ во Ла Коруња во Шпанија, каде што настапи  во улогата на Аркел од операта „Пелеас и Мелисанда“ (Pelléas et Mélisande) од Клод Дебиси.

Шпанските критичари едногласно го истакнаа неговиот настап како еден од централните моменти на вечерта. Угледниот „Scherzo“ го оцени како „цврст и впечатлив Аркел“, „Ópera Actual“ го нагласи „убедливото и суптилно изведено толкување“, додека „La Voz de Galicia“ забележа дека неговиот Аркел „звучеше мрачно и длабоко проникливо“.

-Со ова деби, заедно со симфонискиот оркестар на Галиција, кој е еден од водечките во Шпанија, Дурловски уште еднаш ја потврди својата меѓународна уметничка позиција, носејќи значајно признание и за македонската оперска традиција на европските сцени, се наведува за настапот

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2