Фудбал
Алонсо за поразот од Селта: Во среда со Сити мораме да одиграме поинаков натпревар
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, е разочаран по поразот (0:2) од Селта Виго синоќа во домашниот натпревар од 15. коло од шпанското првенство.
– Лут сум и разочаран. Не одигравме како што сакам. Повредата на Милитао силно нè погоди и ни беше тешко да се вратиме во ритам. Се обидовме да направиме некои приспособувања. Треба да се вратиме на правите патеки што е можно побрзо. Сè уште има долг пат во лигата, а имаме натпревар против Сити во Лигата на шампионите. Мора да реагираме и да се ослободиме од овој лош вкус. Мораме да покажеме поинаква игра в среда, рече шпанскиот тренер на прес-конференцијата по натпреварот.
По 16 натпревари, Реал Мадрид е втор на табелата во шпанското првенство со 36 бода. Тие ќе играат на гости против Алавес во 16. коло на 14 декември.
На 10 декември, мадридскиот тим ќе биде домаќин на Манчестер сити во натпревар од Лигата на шампионите.
декември 9, 2025


