Connect with us

Свет

Трамп потпиша указ за формирање работни групи за гарантирање на безбедноста на синџирот на снабдување со храна во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за формирање работни групи за гарантирање на безбедноста на синџирот на снабдување со храна во САД, соопшти синоќа Белата куќа.

Работните групи ќе бидат дел од напорите на Министерството за правда и Федералната трговска комисија на САД (ФТЦ) за спротивставување на нетранспарентното одредување цени и антиконкурентско однесување.

– Мојата администрација ќе преземе мерки за да утврди дали антиконкурентското однесување, особено од страна на странски компании, ги зголемува трошоците за живот на Американците, и ќе се справи со какви било поврзани закани за националната безбедност поврзани со синџирите на снабдување со храна, посочува Трамп во наредбата.

Според извршната наредба, министерот за правда и главен обвинител на САД и претседателот на трговската комисија ќе можат да преземат мерки за спроведување на законот и да предложат нови регулаторни пристапи, доколку за време на истрагата утврдат антиконкурентско однесување.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4