Connect with us

Кошарка

НБА: Харден десетти стрелец во историјата на лигата

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, иако неговите 34 поени синоќа не му помогнаа на Лос Анџелес Клиперс да избегне пораз од Минесота (106-109).

Триесетишестгодишниот Харден пред натпреварот заостануваше 20 поени зад Кармело Ентони на вечната листа, на која сега се искачи на десеттото место со вкупно постигнати 28.289 поени.

Харден е еден од само тројцата активни кошаркари на листата десет најефикасни во лигата, придружувајќи им се на Кевин Дурант од Хјустон, кој е осми, и ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, кој е на врвот со 42.268 поени.

Харден, кој сега е во својата 17 сезона, беше најдобар стрелец во НБА лигата три сезони по ред, од 2017 до 2020 година. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3