Свет
Вадефул за Стратегијата за национална безбедност на САД: На Германија не ѝ се потребни „совети однадвор“
На Германија не ѝ се потребни „совети однадвор“, изјави денеска шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул.
Неговата изјава уследи по објавувањето на Стратегијата за национална безбедност на САД во која се наведува дека на Европа и се заканува цивилизациско исчезнување поради големата миграција и ниската стапка на наталитет, како и поради тоа што европските влади ја поткопуваат демократијата.
– Теми како што се слободата на изразување или структурата на нашите слободни општества не можат да бидат предмет на дискусија од Вашингтон, нагласи Вадефул на заедничката прес-конференција во Берлин со неговата исландска колешка Торгердур Катрин Гунарсдотир.
Тој додаде дека „некој треба да и дава совети на Германија за овие прашања, бидејќи тоа е регулирано со уставниот поредок на државата“.
– САД се и ќе останат наш најважен сојузник во НАТО, но Алијансата се темели на прашања од одбраната и безбедноста, посочи Вадефул.
декември 6, 2025


