Connect with us

Општини

Трипуновски: Откупот на тутунот се одвива без проблеми, откупени 1 700 000 килограми по 419, 68 денари

Откупот на тутунот се одвива без проблеми и го забрзува темпото, констатираше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој денеска беше во обиколка на пунктовите на откупните компании во Прилеп.

До вчера се откупени 1 милион и 700 000 килограми по просечна цена од 419, 68 денари. Од пријавените 320, отворени се 207 откупни пунктови во земјава. Откупуваат 9 од 10 компании.

-Досегашниот тек на откупот е во добра и релаксирана атмосфера и се откупува согласно со квалитетот на тутунот. Како Министерство откупот ќе го следиме додека не се откупи и последниот килограм тутун. Денеска има нивелации во цените и сите компании опткупуваат по исти цени: 420 денари за прва, 360 за втора и 300 денари за трета класа. Секогаш може повеќе. Она што е важно е дека имаме повисока цена од ланската за 19 денари. Работиме да имаме поуспешна откупна сезона од минатата. За тутунарите имаме доделено и картички за зелена нафта што е дополнителна помош, зашто претходно тутунарите не беа ставени во оваа мерка. Тоа значи намалување на трошоците на тутунарите за производство на оваа култура. Дополнително, опфатени се и од мерката 6000 денари по хектар што влијае на вкупната сума која ќе ја добие секој тутунар, изјави министерот заземјоделство Цветан Трипуновски при посетата на откупниот пункт во прилепскиот тутунски комбинат.

Трипуновски го поддржува предлогот на Сојузот на земјоделските здруженија за да се прецизира почетокот на откупот на тутунот и да влезе како измена во Законот за тутун. Наместо досегашниот период откупот да почнува од 15 ноември до 15 декември, да се прецизира на 1 декември. Сепак, треба да следат разговори.

– Законот е добар, но не е пишан на камен. Отворен сум за соработка со тутунските здруженија. Во текот на откупот, или кога ќе биде прикрај може да седнеме и да разговараме и на други теми со кои сакаат да се допрецизираат законските одредби. Но, сепак, претстојат разговори со сите засегнати страни, речеТрипуновски.

Откупот на тутунот трае до 28 февруари. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2