Connect with us

Филм

„Нетфликс“ се согласи да го купи „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

Стрим-платформата „Нетфликс“ постигна договор со американскиот филмски и телевизиски конгломерат „Ворнер брос“ за купување на студијата и стрим-бизнисот во вредност од 72 милијарди американски долари, објавија денеска потписниците.

Договорот ќе ги обедини двата најмоќни филмски и ТВ-гиганти под еден покрив, со оглед на тоа што „Ворнер брос“ е сопственик и на стрим-платформата „Ејч-би-о макс“ и „ДЦ студиос“.

Вредноста на договорот за готовина и акции се проценува на 27,75 долари по акција на „Ворнер брос“, што му дава вкупна вредност на претпријатието од приближно 82,7 милијарди долари. Се очекува трансакцијата да се затвори откако „Ворнер брос“ формално ќе се одвои од „Дискавери глобал“ во третото тримесечје од 2026 година.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1