Connect with us

Општини

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска и Црвен Крст со хуманитарни пакети за семејства во социјален ризик

Во рамки на активностите по повод Светскиот ден на волонтеризмот, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска на семејства кои се наоѓаат во социјален ризик им достави хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти. Акцијата е реализирана како дел од заедничка иницијатива на Општина Кисела Вода и општинската организација на Црвениот крст на Република Македонија, соопштуваат од Општина Кисела Вода. 

Поддршката опфатила повеќе семејства од територијата на општината, на кои преку оваа активност им била обезбедена конкретна помош за полесно справување со секојдневните животни потреби. Во реализацијата биле активно вклучени и волонтерите на Црвениот крст, чиј ангажман е значаен дел од целиот процес.

Општина Кисела Вода, велат оттаму, во соработка со Црвениот крст, континуирано спроведува мерки и активности насочени кон унапредување на социјалната заштита, со јасна цел, навремена и ефикасна поддршка за оние на кои најмногу им е потребна.

-Светскиот ден на волонтеризмот нè потсетува на важноста на солидарноста и грижата еден за друг. Денес, преку соработката со општинската организација на Црвениот крст и нивните посветени волонтери, обезбедивме конкретна поддршка за семејствата кои се соочуваат со социјални предизвици. Општина Кисела Вода ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи и да гради политики во кои човекот и неговото достоинство се секогаш на прво место- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4