Connect with us

Фудбал

Рајс и Москера се повредија на натпреварот против Брентфорд

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за повредите на Деклан Рајс и Кристијан Москера по победата од 2:0 над Брентфорд остварена синоќа во 14. коло од Премиер лигата.

– Сè уште не знаеме колку се сериозни повредите. Ќе мора да почекаме на резултатите од тестовите. Тие мораа да се повлечат од играта, што е секогаш лошо. Ќе видиме, изјави Артета за „Би-би-си“.

Дваесет и едногодишниот Москера беше заменет во 44. минута, а 26-годишниот Рајс беше заменет кон крајот на второто полувреме.

Арсенал е лидер на табелата во Премиер лигата со 33 бода. Брентфорд е на 12. место со 19 бода. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1