Connect with us

Општини

Пратеници со волонтери на Црвен крст излегоа на терен по повод Светскиот ден на волонтерството

По повод 5 декември – Светскиот ден на волонтерството, пратеници заедно со волонтери на Црвен крст на Република Северна Македонија, утрово излегоа на терен за да помогнат таму каде што е потребно. 

Како што беше појаснето, активностите опфаќаат пакување и дистрибуција на хуманитарна помош, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, социјални активности за поддршка на лица од третата доба, поддршка за лица со попреченост, промотивни активности од областа на првата помош и крводарителство и други хуманитарни и социјални активности во заедниците.

Пред да излезат на терен, во просториите на Црвениот крст во Скопје, се обрати претседателот на организацијата, Ромел Велев. Тој ги запозна пратениците со работата на Црвениот крст, потсетувајќи дека годинава прославија 80-годишен јубилеј и оти имаат 33 општински организации низ државата. 

-Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска работи рамо до рамо со група пратеници, кои покажаа подготвеност да одвојат од своето драгоцено време, да излезат на терен, да допрат до луѓето и да го почувствуваат вистинското срце на хуманоста, подвлече Велев.

Тој им се заблагодари, велејќи дека со овој пример се покажува дека волонтерството е универзална вредност.

Собранискиот претседател Африм Гаши рече дека уште кога зборувале за идејата, му се допаднала и таа се вклопувала со визијата да се доближи Собранието до граѓаните. 

Гаши го честиташе Денот на волонтерството и рече дека ваквата организација треба да продолжи и зад камери. 

Претседателот на Собранието додаде дека Законот за волонтерство е малку застарен и треба да се направат некои измени, со цел, како што нагласи, да се приспособи на денешните предизвици. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3