Connect with us

Тенис

Бекер: Сакавме Федерер да игра за Германија, разговарав со него, но тој веќе имаше сè договорено во Швајцарија

Поранешниот германски тенисер, Борис Бекер се обидел своевремено да го убеди Роџер Федерер да се натпреварува под германското знаме.

– Го познавам многу добро уште од мал. Тој е од Базел, кој се наоѓа на границата со Германија. Затоа сакавме да игра за Германија, а не за Швајцарија. Разговарав со него, но тој веќе имаше сè договорено во Швајцарија и Базел. Иако се надевавме, бидејќи е на две милји од германската граница. Се обидов, но,…, изјави Бекер за германските медиуми. Инженер 

Бекер беше прашан дали се обидел да го убеди и Рафаел Надал да ја претставува Германија. Тој одговори: „Не. Тој е премногу Шпанец!“

Федерер заедно со Новак Ѓоковиќ и Надал се најдобрите тројца тенисери во првите две децении од 21. век. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4