Connect with us

Вести

За еден ден преполовен бројот на прекршоци, „Безбеден град“ вчера регистрирал 50.652 прекршоци

Системот „Безбеден град“ во првиот тест период за 24 часа на 1 декември регистрирал 110 илјади прекршоци, додека според информациите од МВР на 2 декември регистрирани се вкупно 50.652 прекршоци, што претставува преполовување на бројот на регистрирани прекршоци. Од нив 48.861 се прекршоци за брзина, 1.366 за црвено светло и 425 за нерегистрирани возила. 

„Безбеден град“ за 12 часа во текот на вчерашниот ден регистрирал вкупно 22 600 нови прекршоци од кои речиси 95 проценти или 21 400 за возење побрзо од дозволената брзина. Најмногу 4 300 прекршоци за брзо возење се регистрирани на излез од Скопје кон Тетово, како и на булевар „Никола Карев “ – 3.000 прекршоци. Најголема брзина за која е регистриран прекршок во тест периодот е 209 километри на час.

Од МВР за МИА информираат дека камерите од системот „Безбеден град“ ги регистрираат само оние возила кои сториле сообраќаен прекршок, но не и вкупниот број на возила коишто се движеле по улиците во градот за време на тест периодот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1