Connect with us

Кошарка

Транкиери нема да го замени Жељко Обрадовиќ

Италијанскиот тренер Андреа Транкиери нема да го замени Жељко Обрадовиќ на клупата на белградски Партизан. Дел од медиумите најавуваа дека тренерот и претседателот на клубот Остоја Мијаиловиќ сепак ќе потпишат договор.

До договор не дојде, а тензиите кај „црно-белите“ се зголемија особено што тренерското место е и натаму празно. Дополнителен проблем е и тоа што и другите потенцијални тренери не прифаќаат да седнат на „жешкото столче“ на клупата на Партизан.

Клубот од Белград сепак не е без тренер и на дуелот од Евролигата утре (четврток) против Баерн Минхен ќе ги предводи Мирко Оцокољиќ, кој ја има улогата вршител на должност.

Транкиери две години беше на клупата на Партизан 2018-2020 и замина за баерн Минхен, а последен клуб му беше Жалгирис.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3