Connect with us

Свет

Сијарто: Унгарија не може да ја прифати одлуката на ЕУ за прекин на увозот на руска енергија

Унгарија не може да ја прифати и спроведе одлуката на Европската Унија за постепено укинување на увозот на руска енергија, бидејќи таквата одлука ја загрозува енергетската безбедност на земјата, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Тој, исто така, рече дека Унгарија и Словачка ќе покренат судска постапка против одлуката пред Судот на правдата на Европската Унија штом ќе биде финализирана.

Европскиот совет претходно соопшти дека постигнал договор со Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година, како дел од напорите за прекин на енергетската зависност од Русија.

Регулативата е правно обврзувачка, постепена забрана за увоз и на течен природен гас (LNG) и на гас преку цевководи од Русија, со целосна забрана од крајот на 2026 година за LNG и есента 2027 година за цевководи.

Како што е наведено во соопштението, ова придонесува за целокупната цел за постигнување на отпорен и независен енергетски пазар на ЕУ, а воедно и зачувување на безбедноста на снабдувањето.

Привремениот договор сега треба да биде одобрен од Советот и Парламентот пред неговото формално усвојување. Уделот на рускиот гас во увозот на ЕУ изнесуваше 12 посто во октомври, што е значително намалување од околу 45 проценти пред избувнувањето на војната во Украина во 2022 година.

Унгарија, Франција и Белгија остануваат меѓу земјите-членки што продолжуваат да увезуваат руски гас.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1