Connect with us

Општини

Подтрибинскиот простор на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани ќе се реконструира

Фудбалската федерација на Македонија ќе биде инвеститор на проект за реконструкција на просторот под трибините на Градскиот стадион „Никола Мантов“,  додека Општина Кочани ќе обезбеди комплетна проектна документација. Планирано е со специјализирана машина да се изврши и обновување на подлогата на фудбалскиот терен.

Ова е резултат од средбата на градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ. Средбата е остварена на иницијатива на претседателот на Советот на Општината и селектор на женската фудбалска федерација на Македонија, Александар Андов.

– Со ова,  Омерагиќ и ФФМ ја потврдуваат силната поддршка за Кочани во врска со развојот на спортската инфраструктура во градот и општината, сметаат во Локалната самоуправа.

На средбата, градоначалникот Грозданов и претседателот Андов, на претседателот на ФФМ, Омерагиќ му врачиле подарок – дуксер од ГФК „Осогово“, новиот бренд кој го претставува спортскиот дух и традицијата на Кочани.

Според градоначалникот и претседателот на Советот, соработката со ФФМ претставува уште еден исчекор кон модернизација на спортските капацитети, а Општина Кочани и понатаму ќе продолжи посветено да работи за подобри услови, нови инвестиции и за развој на спортот како важен дел од заедницата.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2