Connect with us

Општини

Пецаков: Општина Охрид работи на креирање еднакви можности за сите граѓани

Општина Охрид во рамки на своите инклузивни политики, постојано работи на унапредување на условите и услугите со цел создавање локална средина во која секој граѓанин има еднакви можности за остварување на своите права. Наша постојана определба е подобрување на квалитетот на живот за таа општествена категорија. Тоа го истакна градоначалникот Кирил Пецаков по повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Пецаков ги посочи преземените мерки и реализирани проекти во насока на подобрување на пристапноста, поддршката и вклученоста на лицата со посебни потреби во Охрид.

Тука ги наведе воспоставувањето Дневен центар за лица со попречености на територијата на општината, во насока на олеснување на животот на лицата со посебни потреби и нивните семејства, потоа поддршката на Дневниот центар на лица со интелектуална попреченост – Зраци и Дневниот центар за згрижување на лица со попреченост во рамки на црквата „Св. Ѓоргија“, проектот „Од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните“ со можности за еднакво образование за сите деца.

„За прв пат воведовме и веќе четири години доделуваме стипендии за ученици, студенти, магистранти и докторанти со ретки болести и посебни потреби. Охрид е првата општина во Македонија која реализираше ваков проект“, посочи Пецаков додавајќи дека се доделува и еднократна парична помош на семејства со дете со тешка попреченост во училишна возраст кое не е примател на стипендија или друга помош од општина Охрид.

‎„‎И во текот на наредниот период продолжиме континуирано и посветено да работиме во насока на негување на солидарноста и да создаваме услови за еднакви можности за сите“, рече градоначалникот Пецаков во статусот на негивиот фејсбук-профил по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2