Connect with us

Општини

Коњановски: Секое дете треба да има безгрижно детство, ослободено од насилство

Секое дете треба да има безгрижно детство, целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба, истакна градоначалникот на Општина Битолак, Тони Коњановски на денешната јавна манифестација на тема „Дигитална зона, безбедни тенејџери, без насилство“.

Настанот организиран од невладината организација „Сумнал“, беше со цел да се подигне свеста кај средношколците за дигиталното насилство, токсичните онлајн врски, онлајн уцените, притисоците и предизвиците кои младите ги доживуваат на социјалните мрежи.

-Секое дете треба да има безгрижно детство, целосно ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба, е пораката која последниве години се почесто ја слушаме. Ништо не е како некогаш, детската безгрижност денеска е загозена во глобалниот свет и пристапот кон дигиталниот свет. Некогаш фиксните телефони не правеа среќни, а денеска и тие, но и мобилните се алатки без кои како да не се може и често не вознемируваат. И како родител и како градоначалник и јас си го поставувам прашањето на кое заеднички со вас и со институцијата која ја претставувам го бараме решението каде е грешката и како да се превенира или поправи, посочи градоначалникот Коњановски.

На јавниот настан во Битола, претставниците на локалната самоуправа потсетија дека во Општина Битола од 2022 година во градот функционира регионален советодавен Центар за жртви на семејно насилство врз жени и деца.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4