Connect with us

Свет

Ердоган и Макрон телефонски разговараа за Украина и регионалната криза

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон разговараа по телефон за војната во Украина, регионалните кризи и иднината на билатералните односи, соопшти денеска турското претседателство.

Ердоган нагласи дека подобрувањето на соработката меѓу Турција и Франција е „неопходно“ и ги повика двете страни да продолжат со конкретни чекори за зајакнување на билатералните односи, објави ТРТ.

Зборувајќи за конфликтот во Украина, Ердоган рече дека Турција „работи со максимални напори“ за поддршка на праведен и траен мир и дека Анкара го продолжува дијалогот со двете страни со цел оживување на Истанбулскиот процес.

Тој додаде дека Турција е подготвена да „даде секаков можен придонес“ за отворање на патот кон преговорите и ја нагласи важноста од ефикасно користење на дипломатските канали и избегнување на дејствија што би можеле да ја дестабилизираат глобалната средина.

Двајцата лидери, исто така, разменија мислења за ситуацијата на Кавказ, Газа и Сирија, според соопштението. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3