Свет
Дан не верува дека Русија сака да ја заврши војната со Украина
Претседателот на Романија, Никушор Дан денеска изјави дека секогаш бил песимист дека Русија сака да стави крај на војната со Украина.
– Отсекогаш сум бил песимист во врска со желбата на Русија да ја заврши оваа војна, и тоа се потврдува. Тоа е, имаме една страна која јасно сака праведен мир, и една (друга) страна која верува дека сè додека напредува, дури и за еден сантиметар, ќе одбие мир, посочи Дан.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков наведе дека на вчерашната средба во Москва помеѓу американскиот специјален претставник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, со рускиот претседател Владимир Путин не е постигнат договор. Тој додаде дека погрешно би било да се каже дека Путин ги отфрлил американските предлози.
Според Песков, претседателот Путин прифатил дел од американските предлози за прекин на војната во Украина, а Русија е подготвена да одржи состаноци со американски претставници онолку пати колку што е потребно за да се постигне мировен договор.
декември 4, 2025

