Connect with us

Регион

Во Белград почна конференција „Србија-Африка 2025: Достоинство“

Втора конференција „Србија – Африка 2025: Достоинство“ почна денеска во Белград во организација на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Ова е вторпат конференцијата организирана од БИА да се одржува во Белград, на неа има 43 делегации, а минатата година  учествуваа делегации од 40 африкански земји.
Претседателот Александар Вучиќ изјави дека се надева на длабоко и долгорочно единство на народите на Србија и на Африка. Тој изјави дека односите меѓу Србија и африканските земји се вткаени во заедничката борба за слобода и правда и денес се градат врз долга традиција на доверба, еднаквост и заедничка визија за иднината.

„Африка ја гледаме не само како партнери, туку и како братски и пријателски народи, со кои ја споделуваме историјата, но и иднината. За мене е исклучителна чест да ви се обратам на темата што симболизира нераскинливи врски, меѓусебно почитување и историска солидарност во односите меѓу Република Србија и земјите од африканскиот континент“, рече Вучиќ.

Директорот на БИА, Владимир Орлиќ, рече дека Србија го зајакнала своето присуство на африканскиот континент во изминатата година и изјави дека тоа ќе продолжи и во иднина и истакна дека Србија и африканските земји ја гледаат слободата и независноста како највисоки вредности.

На отворањето на конференцијата беше прикажан документарен филм за соработката меѓу Србија и африканските земји од почетокот на создавањето на Движењето на неврзаните до денес. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2