Connect with us

Регион

Уставниот суд на Албанија одлучи да расправа по барањето на владата за случајот „Балуку“, вицепремиерката поднесе жалба до Апелациониот суд

Уставниот суд денеска одлучи да го прифати барањето на владата за испитување на уставноста во случајот „Балуку“, но не определи датум за расправа.

-Барањето го разгледа тело од тројца уставни судии и донесоа одлука ова прашање да го упатат на состанок на сите судии.  Датумот за расправа не е одреден, објавија медиумите.

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал на Албанија (GJKKO) на 22 минатиот месец донесе одлука вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку,  да ја суспендира од функцијата  и да и забрани напуштање на земјата.

Одлуките беа донесени откако на 31 октомври, Специјалното обвинителство против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) објави дека ја обвини Балуку за кршење на еднаквиот третман на учесниците во тендер или јавна набавка.

Кон крајот на ноември, албанската влада побара мислење од Уставниот суд на Албанија за разрешувањето на Балуку од функцијата. Премиерот Еди Рама рече дека ќе ја почитуваат одлуката на Специјализираниот суд, но ја оцени како „мешање на судската во работата на извршната власт“.

Денеска вицепремиерката Балуку поднесе жалба до Апелациониот суд при Специјалниот суд против одлуките на судот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1