Connect with us

Свет

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат воено да го соборат Мадуро

Папата Лав Четиринаесетти денеска ја повика администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се обидува да го собори со воена сила венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Според првиот американски папа „ако Вашингтон сака да постигне промени“ подобро да се обиде да почне дијалог или да наметне економски притисок врз Венецуела.

Папата Лав Четиринаесетти додаде дека се нејасни сигналите на администрацијата на Трамп за нејзината политика кон Венецуела.

– Од една страна, се чини дека имало повик меѓу двајцата претседатели. Од друга страна, постои опасност да има некаква воена операција, наведе папата алудирајќи на минатомесечниот телефонски разговор помеѓу Трамп и Мадуро.

Администрацијата на Трамп разгледува опции за борба против она што го претстави како „улога на Мадуро во снабдувањето со нелегални дроги што убиваат Американци“. Мадуро негира  каква било вмешаност со нелегалната трговија со дрога и оти САД сакаат да го соборат и да ги конфискуваат венецуелските нафтени наоѓалишта, кои се меѓу најголемите во светот

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3