Connect with us

Општини

Осветлени спортски терени во Велес

Кошаркарското игралиште кај Автобуската станица во Велес е осветлено. Поставени се нови лед светилки за осветлување на спортскиот терен за кошарка, со што e овозможeно негово користење во вечерните часови, како и заштита од девијантни појави, информираат од Општина Велес.

Посочуваат дека функционални и современи спортски игралишта се наше право, но и обврска за нивно чување и одржување.

Инаку  Општина Велес, деновиве ги осветли и спортските терени кај Гимназија и Хемиското училиште. Поставени се лед светилки за осветлување на трите спортски терени кои се наоѓаат во дворот на училиштата.

Осветлувањето на спортските терени, велат, ќе им овозможи на сите рекреативци и љубители на спортски активности да рекреираат и во вечерните часеви. Воедно овозможува и заштита од девијантни појави, зашто се поставени и камери.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3