Connect with us

Свет

Орпо: Финска не е подготвена да ѝ понуди на Украина безбедносни гаранции

Премиерот на Финска, Петери Орпо, на заедничката прес-конференција со шведскиот колега Улф Кристершон, изјави дека Хелсинки не е подготвен да ѝ понуди на Украина формални безбедносни гаранции, нагласувајќи дека сите идни обврски мора јасно да се разликуваат од обврските за меѓусебна одбрана во стилот на НАТО.

Орпо посочи дека Финска е подготвена да учествува во безбедносните ангажмани за Украина, што е ограничен облик на поддршка и не се правно обврзувачки.

Тој истакна дека не се разговарало Финска да биде држава гарант, како што е наведено во американскиот мировен план за Украина.

– Мораме да сфатиме дека безбедносната гаранција е нешто многу, многу сериозно. Не сме подготвени да дадеме безбедносни гаранции, но можеме да помогнеме со безбедносни ангажмани. Разликата помеѓу нив е огромна, наведе Орпо.

Додека Кристершон посочи дека неколку европски држави подготвуваат сопствени придонеси со цел да осигурат безбедност во Украина.

Тој предупреди дека дебатите за безбедносните гаранции понекогаш можат да бидат погрешни.

Според него најсилната и најважна безбедносна гаранција е силна украинска армија, а Шведска и другите партнери можат да ѝ помогнат на Украина да ги одржи своите одбранбени капацитети преку обука, опрема и финансирање. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2