Connect with us

Свет

Ограбен домот на поранешниот француски претседател Франсоа Оланд

Поранешниот француски претседател Франсоа Оланд беше жртва на провала откако крадци на 22 ноември влегле во домот во Париз каде што тој живее со неговата партнерка Жил Гаје, изјави канцеларијата на парискиот обвинител за Фигаро.

Провалата ја потврдија и луѓе блиски до претставникот на Социјалистичката партија од Корез, додава парискиот дневен весник.

Благодарение на брзата интервенција на полицијата, две лица се уапсени, обвинети и притворени веќе на 28 ноември, дознава Фигаро, но не прецизира што крадците украле од куќата на поранешниот француски претседател.

Осомничените се двајца мажи родени во декември 1994 и февруари 1995 година во Алжир, наведе весникот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3