Вести
Накил Фетаи, предложен за нов директор на Агенцијата за заштита на лични податоци
Комисијата за прашања на избори и именување денеска изгласа Предлог- одлука Накил Фетаи, правник, да биде предложен за директор на Агенцијата за заштита на лични податоци.
При претставувањето пред пратениците Фетаи рече дека во преку десетгодишната работа во основен суд имал допирни точки со лични податоци и со нивната чувствителност и дека тоа била една од причината поради која се пријавил на огласот за директор на АЗЛП.
За оваа и за другите одлуки кои поминаа на денешната седницата на Комисијата, Собранието треба да одлучува на утрешната пленарна седница.
Комисијата ги разреши и именува членови на одборите за доделување на наградите за новинарство „Мито Хаџи Василев Јасмин“ и за човекови права „Мето Јовановски“.
Како дополнување на досегашниот состав на Одборот за доделување на новинарските награди беа предложени Виолета Стоименова Наумовска, Сашо Ордановски и Билјана Бејкова.
Предложени за членови на Одборот за доделување на наградата „Мето Јовановски“ се Коле Чашуле – претседател, Искра Коровешовска, Љупчо Цветановски, Дејан Николовски, Петар Серафимовски, Сотир Костов, Александар Кукулев, Санела Шкриељ и Иван Стефановски.
декември 3, 2025

