Connect with us

Вести

ДЗР: Општина Сарај трошела милиони без никакво покритие

Речиси половина милион евра исплатила општина Сарај минатата година за субвенции на јавни претпријатија без програма и приложени фактури. Ангажирала лица со договор на дело со месечни паушални исплати за речиси 100 илјади евра. Финансирала здруженија и поединци со над 70 илјади евра без извршена евалуација и правилник со критериуми за распределба на парите – покажува ревизијата за финансиското работење на општината.

Ревизорите откриjа дека Сарај има неевидентиран имотен лист, инфраструктурни објекти кои се користат без технички прием. Нотирано и дека спортско – рекреативниот објект и базен во Сарај се дадени под закуп на период од 25 години без спроведување на законски потпишаната постапка за долгорочен закуп.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3