Свет
Доминиканска Република ќе им дозволи на САД пристап до април на два свои аеродрома за операции против дрогата
Доминиканската Република ќе им дозволи на САД пристап до април на своите аеродроми за операции против дрога, изјави претседателот Луис Абинадар .
Договорот на Доминиканската Република со САД, кој им овозможува на американските воени лица пристап до ограничените области на два аеродрома на оваа карипска нација, што ќе биде во сила до април следната година, изјави претседателот Абинадер на прес-конференција, цитирана од британските медиуми.
Договорот, потпишан минатата недела со американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, доаѓа во време кога САД го засилуваат своето воено присуство и смртоносни напади против осомничени бродови за трговија со дрога во Карипското Море и источниот Пацифик, а истовремено го зголемуваат притисокот врз венецуелската Влада.
декември 3, 2025

