Кошарка
Дабл-дабл на Дончиќ недоволен Лејкерси да избегнат пораз од Феникс
Феникс санс утринава ги победија Лос Анџелес лејкерс на гостински терен со 125:108. Ниту 38 поени и 11 скока на Лука Дончиќ не помогнаа домаќините да го избегнат поразот.
Во тимот на Феникс најефикасен беше Дилон Брукс со 33 поени.
На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати:
Детроит – Атланта 99:98
Индијана – Кливленд 119:135
Вашингтон – Милвоки 129:126
Бруклин – Шарлот 116:103
Мајами – ЛА клиперс 123:125
Орландо – Чикаго 125:120
Денвер – Далас 121:131
Јута – Хјустон 133:125.
Лидер во Западната конференција е Оклахома со 20-1 (победи-порази), на Исток прв е Детроит со 17-4.
декември 3, 2025

