Connect with us

Хроника

Жител на Кавадарци приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници

ител на Бегниште бил приведен поради агресивно однесување кон полициски службеници.

– Полициски службеници од ОВР – Кавадарци во текот на вчерашниот ден го лишија од слобода М.И., на возраст од 49 години од кавадаречкото село Бегниште, затоа што во место викано „Витачево“, кавадаречко, агресивно се однесувал кон нив и ги спречувал во вршењето на службените дејствија. М.И. е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Од СВР – Велес соопштија и дека утрово во 02:25 часот во ОВР – Неготино, 43-годишниот неготинец  Б.П. пријавил дека во казино во градот, по кратка раправија, бил физички нападнат од Г.А., 44-годишно лице, исто така, од овој град.

По документирање на настанот, како што нагласија, против Г.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4