Култура
„Уна“ на Пројковски најдобра претстава на театарски фестивал во Младеновац
Претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, според мислење на стручното жири и на публиката е прогласена за најдобра претстава на годинашниот фестивал „Театар у једном дејству“ (Театар во едно дејство) во Младенвац, Србија.
Како што соопшти театарот „Звездара“, одлуката ја донело жири во состав Снежана Стаменковиќ, Љуба Бандовиќ и Егон Савин.
-Инспирирани и прецизни актери предводени од Никола Ристановски во атрактивниот сценски простор на Валентин Светозарев ја изведоа емотивната и актуелна претстава, се наведува во образложението на жирито.
Претставата беше премиерно изведена на 12 отомври годинава на сцената „Данило Бата Стојковиќ“ во театарот „Звездара“.
Покрај Никола Ристановски, кој го игра главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, во актерската екипа се и Магдалена Мијатовиќ – во насловната улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ – како сопругата на професорот, Олга, и Марко Гверо – во улогата на проректорот Дукиќ.
Сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Ивана Ристиќ и автор на музиката – Горан Трајкоски.
Покрај наградата од стручното жири, претставата „Уна“ доби и награда од публиката на фестивалот во Младеновац.
декември 2, 2025

