Connect with us

Регион

Србија планира за првпат Закон за работна пракса, јавна расправа до 18 декември

Србија планира за првпат да воведе Закон за работна пракса во својот правен систем, и доколку биде усвоен, работодавачите ќе бидат обврзани да склучуваат договори за работна пракса со практикантите и да им исплаќаат соодветен надомест.

Како што пишува „Форбс Србија“, практикантите ќе имаат право на пензиско, инвалидско и здравствено осигурување, како што може да се види од нацрт-законот.

Сепак, во нацрт-законот е наведено и што не е работна пракса. Така, работната пракса не вклучува волонтирање, двојно образование, студентска пракса, стажирање и практична настава и професионална пракса.

Предлог-законот е усогласен со Препораката за квалитетна рамка за работна пракса усвоена од Советот на министри на ЕУ во 2014 година. Донесување на Законот за работна пракса е планирано со Реформската агенда на државата и Планот за исполнување до крајот на 2026 година на најважните обврски од процесот на преговори за пристапување на Србија во ЕУ.

Министерството за труд го објави Нацрт-законот за работна пракса што е отворен за јавна дискусија до 18 декември.

Работната пракса е дефинирана во нацрт-законот како „активности што практикантот ги извршува кај работодавачот со поддршка и надзор на ментор, а кои се насочени кон стекнување практични вештини и искуство за работа во одредена професија со цел унапредување на вработувањата, односно создавање можности за вработување и самовработување“. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1