Connect with us

Кошарка

Сет Кари потпишува договор со Голден Стејт

Ветеранот Сет Кари ќе му се приклучи на својот брат, двократниот МВП во НБА лигата Стеф Кари, во тимот на Голден Стејт, потпишувајќи договор до крајот на сезоната, јавија денеска американските медиуми.
Трисетипетгодишниот Сет Кари беше дел од претсезонските подготовки на Голден Стејт, но не беше повикан во тимот на почетокот на регуларната сезона поради финансиски ограничувања. Голден Стејт имаше можност да задржи само 14 кошаркари во својот состав, но сега ќе може да додаде уште еден.
За Сет Кари ова ќе биде 12 сезона во НБА лигата во кои настапуваше за девет различни екипои, но сè уште нема настапувано заедно со својот брат во текот на регуларната сезона. Последен пат беше на теренот во пролет оваа година во дресот на Шарлот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2